Италијанскиот шампион Јувентус ќе понуди 85 милиони евра за играчот од средниот ред на Реал
(Мадрид) Иско, тврди „Газета Дело Спорт“.
Тренерот на тимот од Торино, Масимилијано Алегри, е подготвен да направи сериозни промени во
тимот во текот на летото, со јасна цел „бјанконерите“ да бидат во можност да се борат за
освојување на Лигата на шампионите.

Во поголемиот дел од сезоната, шпанскиот репрезентативец сакаше да го напушти „Бернабеу“, но
кога Зинедин Зидан се врати, работите се променија и шансите за продажба на играчот од средниот
ред сега се драматично помали.
Сепак, „црно-белите“ се подготвени да ја тестираат решеноста на своите колеги и ќе го направат
предлогот веднаш по завршувањето на тековната кампања.
Можноста овој трансфер да се случи е ако од Реал успеат да привлечат некој од Еден Азар или
Кристијан Ерикенсен. Потоа, во пракса, Иско ќе биде непотребен.