Јувентус започнал преговори со агентот на Алексис Санчез, објави „Tuttosport“. Италијанскиот клуб
направил конкретен предлог за играчот на Манчестер Јунајтед. 30-годишниот напаѓач, најверојатно,
ќе го напушти „Олд Трафорд“ во летниот трансфер прозорец откако се претстави исклучително
разочарувачки.

„Црвените ѓаволи“ сакаат да го продадат Чилеанецот за да се ослободат од големата плата што ја
добива. Санчез зема 505.000 фунти неделно.
Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи во текот на викендот одржал средба со агентот
на Санчез, Фернандо Феличевич и му понудил можност за бегство од Манчестер Јунајтед.
Алексис Санчез сака да се врати во Италија, каде што ја започна кариерата. Тој играше во Удинезе.
Феличевич има задача да најде нов тим за Алексис Санчез. Агентот на чилеанскиот фудбалер има
намера да го понуди напаѓачот на Наполи, Милан и Рома.
Интер, исто така, нема интерес за поранешниот фудбалери на Барселона и Арсенал.
Санчез постигна 21 погодок во 112 натпревари за Удинезе пред да се пресели во Барселона во
2011 година.