Јувентус влегува во борбата за Лукаку

од Vlatko K
163 прегледи

Јувентус влегува во битката за потписот на Ромелу Лукаку откако Интер не успеа да се договори со
Манчестер Јунајтед за белгискиот репрезентативец.


Според „Скај Италија“, новиот шеф на „старата дама“ Маурицио Сари веќе се поврзал со англискиот
клуб и направил барање за напаѓачот.

Се зборува дека сепак тоа може и да е потег кој цели да го принуди Интер да дејствува и да го
привлече Лукаку, што пак ќе го олесни преминувањето на Мауро Икарди во Торино, откако Јуве е
заинтересиран за играчот.

Досега, „нероазурите“ не може да се договорат со Јунајтед, кој сака 75 милиони фунти за играчот.
Евентуалната продажба на Икарди сигурно ќе обезбеди поголем дел од сумата.

Лукаку одигра подпросечна за него сезона на „Олд Трафорд“, а откако Маркус Рашфорд го обнови
договорот,се чини дека токму тој ќе биде главен приоритет во нападот на „црвените ѓаволи“, што му
овозможува на Белгиецот да погледне во друга насока.