Јувентус во преговори со Чави?

од Vladimir Zorba
22 прегледи

Јувентус стапил во контакт со поранешниот играч и тренер на Барселона, Чави Ернандез, ексклузивно пишува францускиот дневен весник „Екип“.

Според изданието, претставници на „бјанконерите“ воделе неофицијални разговори со шпанскиот стручњак, кој пред два дена наполни 45 години и моментално е невработен.

„Екип“ прецизира дека тоа според нивни извори од Италија не мора да значи дека Чави веднаш се бара како замена за досегашниот тренер на „бјанконерите“, Тиаго Мота. Јувентус едноставно сакал да ги остави вратите отворени за иднината за други тренери, вклучително и за Шпанецот.

Сепак, ова може да биде и предупредувачки сигнал за Мота, кој го претрпе првиот пораз во Серија А викендов на дербито со Наполи. Јувентус, кој се наоѓа на привремената 5-та позиција, има неверојатни 13 нерешени средби во досегашниот дел од сезоната, со што има 16 бода зад „партенопеите“, кои се и лидери во поредокот.

Слични содржини