Јужна Африка: Најмалку 58 луѓе загинаа во пожар во зграда (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
255 прегледи

Најмалку 58 лица ги загубија животите во пожар во петкатница во центарот на Јоханесбург, Јужна Африка, пишува Sky News според новиот биланс на властите.

Најмалку едно дете е меѓу жртвите.

Официјални лица рекоа дека десетици луѓе се повредени и очекуваат дека бројот на жртвите ќе се зголеми бидејќи повеќе луѓе се заробени во зградата.

Според очевидци, во зградата веројатно живееле најмалку 200 луѓе кои нелегално се вселиле.

Портпаролот на градската служба за итни случаи соопшти дека на лице место е укажана помош на неколку лица, а некои се пренесени во здравствените установи, се вели во соопштението на платформата X (Твитер).

Причината за пожарот се уште не е позната, според SABC.

Слични содржини