Јужна Кореја сака наместо примирје со Северна Кореја да склучи мировен договор

од desk4
158 прегледи

  Јужна Кореја сака да го замени примирјето со кое се стави крај на Корејската војна во 1953 година со „постојан мировен режим“ на Корејскиот Полуостров, соопшти денеска Министерството за национално обединување.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера даде „благослов“ на двете Кореи, кои по се изгледа разгледуваат потпишување мировен договор со кој и официјално ќе се стави крај на Корејската војна. Потпишувањето на договорот би можело да се случи на средбата на врвот на 27 април, соопшти јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

– Владата вложува напори да стави крај на војната и да воспостави траен мировен режим, изјавил на брифинг претставник на Министерството.

Истовремено, директорот на Службата за национална безбедност при претседателството во Сеул Чон И-ин изјави дека Јужна Кореја и САД можат да потпишан мировен договор со Северна Кореја доколку таа во целост се откаже од својата нуклеарна програма.