Изјавата на претседателот на Научниот совет на Франција, професорот Жан-Франсоа Делфресио, кој практично стави до знаење дека постојните вакцини можеби не се доволно ефикасни против јужноафриканскиот вид корона, може да ја загрижи јавноста ширум светот.
– Британскиот вид на вирусот полесно се шири, но не е попатоген. Јужноафриканскиот вирус може делумно да е отпорен на вакцината – даде загрижувачка изјава Делфресио.
Овој пристап дополнително предизвика забуна затоа што доаѓа по објавувањето на лабораторијата Фајзер дека нивната вакцина е ефикасна и против британската и јужноафриканската варијанта на вирусот. Делфресио не објасни како јужноафриканскиот вид на вирусот, на кој начин и колку, може да ѝ „избега“ на вакцината.
Јужноафриканскиот вид првпат беше откриен во ноември и содржи неколку мутации, вклучително и оние во малите „антени“ што му овозможуваат да навлезе во човечката клетка. Засега не е познато дали е поопасен од класичната варијанта, но како и британскиот се шири побрзо.
Поради ширењето на британскиот вид на корона, во Франција, до крајот на оваа недела, се очекува почетокот на полицискиот час на целата територија да биде поместен од 20 часот до 18 часот. Забраната за движење важи секоја вечер до 6 часот наутро. Се претпоставува дека меѓу пациентите со коронавирус во Франција, во моментов има еден процент од новата варијанта.