Јужнокорејски дипломат: Мислам дека Ким Јонг Ун е во кома и неговата сестра ја презема контролата во Северна Кореја

од Nikola Popovski
189 прегледи

Медиумите како „Дејли мејл“, „Мирор“ и „Њујорк пост“ објавија изјава на јужнокорејски дипломат, кој тврди дека Ким Јонг Ун е во кома и дека неговата сестра ја презела контролата врз Северна Кореја.

Чанг Сонг Мин, поранешен помошник на починатиот претседател на Јужна Кореја, Ким Дае Јунг, тврди дека Комунистичката партија на земјата ја крие вистината за влошената здравствена состојба на нејзиниот лидер и дека, колку што разбрал тој, владетелот на Северна Кореја е во кома.

Шпекулациите за вистинското здравје на Ким растат како резултат на неговото отсуство на јавните настапи оваа година.

Говорејќи за локалните медиуми, Чанг Сонг Мин изјавил: „Јас проценувам дека тој е во кома, но е жив“, пренесуваат медиумите.

Тој додал дека сестрата на Ким Јонг Ун, Ким Јо-Јонг (33) е во позиција да ги преземе некои од овластувањата на нејзиниот брат.

„Не е формирана целосна структура на сукцесија, така што Ким Јо-Јонг е ставена во преден план затоа што вакуумот не може да се одржува долго“, рекол тој.

Тврдењата на Чанг Сонг Мин доаѓаат и покрај тоа што медиумите во Северна Кореја објавуваат слики за кои се докажува дека Ким присуствувал на состанокот на владата во четвртокот.

Но, новинската агенција Ројтерс објави дека не може самостојно да ги верификува сликите.

Претходно оваа недела се тврдеше дека Ким Јонг Ун ја промовирал својата сестра на функцијата командант на Северна Кореја.

Ким Јо-Јонг (32) сега е одговорна за севернокорејската политика кон САД и Јужна Кореја, што ја прави де факто негов заменик.

Слични содржини