Кај струмичанец пронајдени марихуана и масло од канабис

од Nikola Popovski
194 прегледи

На 20.12.2022 во 16 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.И.(29) од Струмица.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и масло од канабис.

Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот бил известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини