Од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски реагираат на тврдењата на Талат Џафери дека, ако се даде мандатот за фомирање влада до петок, таа одлука че биде противуставна.
„Претседателот се консултираше со еминентни правни имиња и заклучокот беше јасен: За да се смета дека Собранието е конституирано, потребна е верификација на мандатите на пратениците, а не нечиј избор. Претседателот Пендаровски, иако ги разбира мотивите на претседавачот Џафери, останува на неговиот став кој впрочем го потврдува и политичката практика во сите изминати години кога на власт биле различни политички опции“, стои во рекацијата од од кабинетот на Пендаровски
Талат Џафери, повторно предупреди дека доколку претседателот Стево Пендаровски го додели мандатот за формирање на Влада, без притоа да биде избран новиот собраниски спикер, тогаш неговиот чекор би бил противуставен.
-Неуставно е доделување мандат без да има претседател на Собрание кој ќе ги стави во функција другите рокови кои треба да ги следи Собранието, бидејќи на законодавниот дом роковите му започнуваат од моментот кога ќе го добие известувањето од шефот на државата дека мандатот е доверен. Неовластен човек не може да ги информира пратениците, истакна Талат Џафери синоќа во интервју за емисијата „10 минути“ на ТВ 21.
Ова е предвидено во Деловникот, објаснува Џафери, додавајќи дека секој процес кој може да започне, може да го стави под знак прашалник целиот изборен процес кој штотуку заврши. Исто така најавува дека ако мандатот за формирање на Владата се довери без да претседател на Собрание, тогаш се ризикува институциите да влезат во уставно-институционална криза, бидејќи претседателот нема кого да информира.