Кацарска побара итно воведување на уставна жалба за граѓаните

од Nikola Popovski
167 прегледи

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска итно побара воведување на уставна жалба за граѓаните. На денешната годишна прес-конференција, таа посочи дека тоа е еден од заклучоците.

Упати апел до политичарите и политичките партии да им овозможат на граѓаните за сите слободи и права да се обратат до Уставниот суд, наместо правдата да ја бараат во Стразбур, нешто коешто, како што рече, ја чини државата и даночните обврзници парични средства, како и нарушен углед.

-Граѓаните ќе ги препознаат заложбите, затоа што уставна жалба значи дека секој да ги ужива сите права од Уставот и да бара да му се заштитат пред Уставниот суд кога e сторена повреда, без оглед на политичка, етничка или било која друга припадност.

Поддршка добивме од претседателот на државата Стево Пендаровски, а министерот за правда Кренар Лога преку медиумите изјави дека ја поддржува идејата за уставна жалба, рече Кацарска на брифинг со новинарите.

Слични содржини