Кадетките одигруваат пријателски натпревари

од Vlatko K
163 прегледи

 Женската кошаркарска репрезентација до 16 години ќе ги одигра првите пријателски натпревари на триесет дена од официјалниот почеток на подготовките.

Селекторката Виолета Здравковиќ ќе ги предводи своите избранички на пријателски турнир во Скопје кој ќе се одигра претстојниот викенд, односно петок, сабота и недела.

На турнирот во Скопје ќе гостуваат соодветните национални селекции до 16 години на Босна и Херцеговина, Црна Гора и на Бугарија.

Репрезентативците на Северна Македонија утре играат против Бугарија, во сабота против Црна Гора, а на последниот натпревар во недела против Босна и Херцеговина.

Пријателските натпревари ќе се одиграат во малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“.