Каевски: 2023 е година на повисоки плати, пензии и забрзан економски раст

од Nikola Popovski
147 прегледи

Портпаролот и пратеник на СДСМ, Дарко Каевски денеска на прес-конференција истакна дека во првите 10 месеци од годинава, санирани се последиците од светската економска криза со два пакети мерки вредни 760 милиони евра.

Тој најави дека 2023 ќе биде година на економски пресврт и нова надеж со планираниот Буџет.

Според него, предвидени се дополнителни средства за исплата на плати и пензии, односно следната година повторно ќе имаме раст на минималната плата и на пензиите согласно новата методологија.

800 милиони евра се предвидени за капитални проекти, тоа се средства директна инвестиција во локалниот економски развој и во домашното стопанство. Дека 2023 година ќе биде многу подобра од оваа, потврдуваат и проекциите на ЕБОР кои предвидуваат раст на македонската економија од 2.3 отсто, порача меѓу другото Каевски.

 

Слични содржини