Каевски: Цели 11 години ДПМНЕ ја држеше земјата во изолација, а денес е главен кочничар на европската интеграција

од Nikola Popovski
215 прегледи

Христијан Мицкоски не може да ги оправда неговите анти ЕУ и антизападни политики. Нема ниту еден аргумент зошто ДПМНЕ го блокира европскиот пат на земјата и членство во ЕУ, изјави на прес-конференција портпаролот и пратеник на СДСМ, Дарко Каевски.

Каевски наведе дека најголемата опозициска партија, под заложништво на проруската Левница организираше протести против европскиот предлог, хистерично ширеа лаги за бугаризација и асимилација.

-Лажно тврдеа дека македонскиот јазик ќе биде бугарски дијалект, а не гласаа за ратификација на договорот ФРОНТЕКС, како прв договор потпишан на македонски јазик.

Цели 11 години ДПМНЕ ја држеше земјата во изолација, надвор од ЕУ и НАТО а денеска е главен кочничар на европската интеграција.

Тоа се фактите, ДПМНЕ е анти-ЕУ и антизападна партија, порача Каевски, нагласувајќи дека неговата партија ќе направи сѐ за да државата да оди напред и граѓаните да живеат во европска држава.

Слични содржини