Каевски: Македонската економија е стабилна, се грижиме за граѓаните

од Nikola Popovski
103 прегледи

Во време кога се уште се соочуваме со последиците од глобалната економска криза, преку конкретни мерки и политики го штитиме стандардот на граѓаните. Владата донесе одлука со која се замрзнуваат цените на јајцата од кокошка и оризот, со што нивните највисоки цени ќе останат на нивото на цените кои се применувале на 15 март 2023 година и оваа мерка ќе биде со важност до 30 април 2023 година, порача Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Тој порача дека истовремено, растат платите и пензиите за уште повеќе пари во семејните буџети.

Според Каевски, СДСМ на дело покажува вистинска грижа за сите граѓани.

-Од овој месец минималната плата изнесува 20.175 денари, што е зголемување за над 2.000 денари од досегашната минимална плата која изнесуваше 18.000 денари.

Исто така од овој месец се зголемуваат и пензиите за рекордни 8,4 отсто, што значи дека просечната пензија ќе се зголеми за над 1.500 денари. Сето ова е доказ дека македонската економија е стабилна, доказ дека Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски успешно менаџираат во време на светска економска криза, нагласи Каевски.

Слични содржини