Каевски: Мицкоски да си поднесе оставка поради лагите за ново мнозинство

од Nikola Popovski
456 прегледи

Пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски денес на прес-конференција повторно побара оставка од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Каевски рече дека по сите лаги за наводно ново парламентарно мнозинство, Христијан Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да си даде оставка од партиската функција.

-Заради желбата за власт Мицкоски седна на иста маса со политичари кои се анти НАТО и анти ЕУ, со политичари кои се против Договорот од Преспа, против Охридскиот рамковен договор, против концептот едно општество за сите.

Заради пуста желба за власт, Мицкоски ги погази сите негови претходни ставои, уште еднаш се потврди дека тој нема став, дека е обичен калкулант желен за власт, изјави Каевски.

Според СДСМ, со последниот обид за формирање на ново мнозинство се покажало и дека Димитар Апасиев од Левица е потрчко на Мицкоски.

Стана јасно, рече Каевски, дека Левица е исто што и ВМРО-ДПМНЕ, дека Мицкоски и Апасиев се едно исто.

Слични содржини