Каевски: На граѓаните не им треба уште една катастрофа по примерот на Скопјe

од Nikola Popovski
262 прегледи

Односот на Гордана Силјановска-Давкова кон пензионерите е несоодветен и непримерен, крајно неодговорен за политичар, пратеник или кандидат за претседател на државата, вели портпаролот и пратеник на СДСМ, Дарко Каевски.

Според него, пензионерите не заслужуваат да бидат омаловажувани и побара од Силјановска да им се извини.

-Гледаме дека ДПМНЕ не може да донесе никаква промена. Кандидатката на опозицијата за претседателка, Гордана Силјановска Давкова се претвори во уште едно лице на ДПМНЕ. На граѓаните не им е потребен претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, нов партиски послушник, не им треба реприза на Иванов. На граѓаните не им треба уште една катастрофа по примерот на Скопје. Младите немаат уште една деценија да изгубат во изолација, враќање назад, да чекаат заглавени во подрумите на минатото. Граѓаните и пензионерите знаат што е најдобро за нив и за Македонија. Затоа, ќе кажат НЕ на политиките на ДПМНЕ за изолација, враќање назад, откажување и наведнување глава, рече Каевски во своето обраќање.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе го вратат достоинството на пензионерите и дека пензиите ќе се зголемат линеарно за 5.000 денари во рок од една година.

-Реалноста е дека со оваа власт на повеќето пензионери парите од пензиите не им се доволни ни за храна и сметки кои значително поскапеа, а камо ли за лекови кои им се неопходни, реагираат меѓу другото од партијата на Христијан Мицкоски.

Уште претходно СДСМ објави дека кандидатката за претседателска во гостување на дебатна емисија изјавила „Аман од Мапет шоу и од оние старците“.

Слични содржини