Поминаа 20 месеци од мандатот на локалната власт на ДПМНЕ во над 40 општини низ државата. Заклучокот е дека градоначалниците на ДПМНЕ целосно ги разочараа граѓаните и ја изневерија нивната доверба. Нема реализација на ветеното, нема проекти, нема развој, изјави Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.
„Последен пример е хаосот во главниот град Скопје.
Неспособните градоначалници на ДПМНЕ од Скопје создадоа една голема депонија, нечист и нефункционален град кој се уназадува, наместо да напредува.
Не е само сметот и нечистотијата. Јавниот превоз во Скопје исто така не функционира. Ветувањата за набавка на нови 250 еколошки автобуси, за бесплатен превоз, за модерен транспорт, фабрика за автобуси не се остварија.
Не се реализира ниту еден проект во градот а проектите од минатата локална власт на СДСМ стојат закочени.
Ниту „м“ од модерно Скопје како што ветуваа пред скопјани кога ја бараа довербата.
Неспособните градоначалници на ДПМНЕ го вратија Скопје назад за 60 години.
Истото го гледаме и низ другите општини водени од градоначалници на ДПМНЕ.
И Штип се дави во смет а локалната власт на ДПМНЕ ги остави штипјани и без вода за пиење, иако граѓаните плаќаат повисоки сметки.
Нема нови проекти но затоа ДПМНЕ удира по џебот на граѓаните.
И во Прилеп, Охрид, Велес, градоначалниците на ДПМНЕ драстично ги поскапеа услугите за граѓаните.
Општините раководени од ДПМНЕ се дават и во долгови а лошото менаџирање ги доведе до нефункционалност јавните претпријатија на локано ниво.
Довербата којашто граѓаните им ја дадоа на Мицкоски, ДПМНЕ и нивните градоначалници, ја изневерија целосно.
Со ДПМНЕ општините уназадуваат наместо да напредуваат.
Неспособноста на градоначалниците е потврда: Глас за ДПМНЕ е глас за хаос и враќање назад“, наведе Каевски.