10,8K
Граѓаните ни упатија сериозна порака, која ја примивме и покажува дека одредени процеси и дејствија и реформи треба да ги исправиме, вели пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски во емисијата „Само вистина“, зборувајќи за првиот круг од локалните избори.
Според него, најважно е да се извлече пораката и да се продолжи напред.
-Пред се да покажеме дека знаеме да слушаме, да се исправиме и да се извиниме. До нашите партиски колеги стигнаа пораки од типот „јас лично не излегов“, но кога ги гледам резултатите, знам дека ќе ја исправиме грешката и сето тоа што беше згрешено да се исправи, затоа што граѓаните го заслужуваат најдоброто, посочи Каевски.