Каевски: Опозицијата со блокирањето на законите не го блокира СДСМ, туку граѓаните

од Nikola Popovski
215 прегледи

„Опозицијата со безброј процедурални забелешки не дозволуваат ни да се донесе дневниот ред за расправа за законите на комисиите. Тие прават кочници и опструкции не на СДСМ или на Владата, туку на граѓаните“ рече пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека иако ВМРО-ДПМНЕ кажа дека ќе поддржувале закони важни за граѓаните и запраша дали наставниците, сточарите, земјоделците, армијата не се важни за ВМРО-ДПМНЕ што ги блокира законите кои носат бенефиции за нив.

„Зарем 4700 наставници не се важни за ВМРО-ДПМНЕ? Со Законот за наставници и стурчни соработници ќе им се промени работниот статус од определено на неопределно на 4700 наставници. Се блокираат закони за исплата на субвенции за сточари, тутунари…“ рече Каевски.

Тој додаде дека владејачкото мнозинство е подготвено за дискусија и подобрување на текстовите на законите, што се докажа со рекордниот број прифатени амандмани од опозициајта за Буџетот за 2022 година.

Слични содржини