Каевски: Признанијата за „Титаник“ покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е злосторничко здружение

од Nikola Popovski
280 прегледи

Миле Јанакиески, Гордана Јанкуловска и Мартин Протоѓер признаа вина по обвиненијата во судскиот предмет „Титаник“. Денешното признание е потврда за целиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ, за сите изборни измами на режимот предводен од Никола Груевски, изјави пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски преку соопштение.

Според него, ова е показател како ВМРО-ДПМНЕ со години ја фалсификувало изборната волја и како биле злоупотребени парите на граѓаните.

-ВМРО-ДПМНЕ е злосторничко здружение! Затоа во време на ВМРО-ДПМНЕ немаше пари за народот, затоа минималната плата беше на половина од сега, само 8.800 денари, затоа платите беа мизерни а граѓаните едвај преживуваа. Ова е причината и зошто ВМРО-ДПМНЕ овие денови отвораат теми кои немаат врска со реалноста.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски немаат образ да зборуваат ниту за плати ниту за пензии. Треба да се извинат и да ги вратат парите, назад кај граѓаните, бара Каевски.

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, шефот на кабинетот на Никола Груевски – Мартин Протоѓер, како и уште петмина други обвинети во  случајот „Титаник“ признаа вина на денешното судско рочиште.

Сите обвинети кои денеска признаа вина, но не го признаа делото за незаконско финансирање, каде што им се закануваат затворски казни без можност за условни, продолжуваат на 9 март, пак во истата голема група од 20-тина обвинети.

Слични содржини