Каевски: Следните парламентарни избори ќе бидат за 4 години

од Nikola Popovski
312 прегледи

„Не се точни обвинувањата на опозицијата дека владејачкото мнозинство е нестабилно и дека ќе има предвремени парламентарни избор заедно со локалните“, изјави пратаникот од СДСМ, Дарко Каевски.

Според него, вчерашното гласање доверба во Владата било предизвикано од прецепцијата кај граѓаните дека е можно повторно да се случат предвремени избор и да се забави текот на функционирањето на институциите и целиот приватен сектор, што дополнително влева нестабилност и несигурност кај граѓаните.

Тој додаде дека со тоа се покажало дека тие лажни вести на опозицијата и дека се победуваат само со вистината.

„Следните парламентарни избори ќе се случат за 4 години“, рече Каевски.

Слични содржини