Каевски: Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ го уништуваше образованието, a сега ги кочи реформите

од Nikola Popovski
303 прегледи

Откако им се случи фијаско на партиските протести, откако им пропадна нелегитимниот обид за собирање потписи, од ВМРО-ДПМНЕ повторно најавуваат нови обиди за референдум и блокада на реформите во образованието и дигитализација на наставниот проце, изјави пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски.

Тој оценува, дека правото на покренување иницијатива за референдум е легитимно и уставно загарантирано, но ова како што рече е уште еден апсурден обид да се блокира реформа која е значајна за целокупниот образовен процес.

„Новиот Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали е целосно во согласност со европските практики, но и со времето и ерата на ИТ технологијата во која младите живеат“, напоменува Каевски.

Доадава дека со законското решение со кое се воведува етапна дигитализација на наставниот процес, ќе се обезбеди поголема интерактивност, намалување на учењето во домашни услови, а ќе се воведе и инклузивност, имајќи предвид дека учебниците ќе бидат достапни и во аудио формат, но и на Брајово писмо за учениците со оштетен вид.

„Истовремено, ниту еден ученик нема да остане без печатен учебник кој ќе може да го добие доколку има потреба од него. Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ го уништуваше образованието, ги манипулираше наставниците и професорите, а нашите ученици беа со најслаби резултати на меѓународни тестирања. Денес, кога се воведува нов, модерен и европски концепт на настава, ВМРО-ДПМНЕ блокира, протестира, се затскрива зад наводни граѓански иницијативи со цел реформите во образованието да не бидат донесени“, вели пратеникот од СДСМ.

Слични содржини