Каевски: Успесите на МВР се видливи и признаени, запленета дрога од над 800 килограми од почетокот на годината

од Nikola Popovski
232 прегледи

„Полицијата денес е партнер и заштитник на граѓаните и открива и спречува незаконски постапувања. Според податоците, во првите три месеци во 2020 година била запленета дрога од 14,8 килограми, додека од први јануари до 15 април во оваа 2021 година, запленета е дрога од над 800 килограми“, изјави пратеникот од редовите на СДСМ, Дарко Каевски на прес-конференција.

Според него, во првите четири месеци од годинава за 10% се намалени сообраќајни незгоди со повредени лица, за 11.2% намалени сообраќајни незгоди со материјална штета, за 13.6% се намалени незгодите со загинати лица, а бројот на повредени лица е намален за 14,2%.

„Јавноста сведочи и на бројни сложени акции што македонската полиција ги спроведува со своите стратешки партнери.

Денес полицијата е мотивирана да работи ефикасно и професионално затоа што постојано се унапредуваат условите за работа на припадниците на полицијата.

Во овие неколку години реконструирани се 54 објекти на Министерството за внатрешни работи а се градат и нови градби како што е Центарот за обновување од катастрофи и обезбедување на континуитет со работата во Прилеп кој е веќе изграден, во тек е изградба на нова зграда на Крим техника со сите стандарди и почеток на изградба на Центар за странци.

Успесите на Министерството за внатрешни работи се видливи и признаени. Но, очигледно дека токму ваквите успеси се неприфатливи за ВМРО-ДПМНЕ па затоа оваа партија предводена од Христијан Мицкоски, шири лажни вести и измислува непостоечки конструкции“, истакна Каевски.

Слични содржини