Во целиот период ги спроведуваме мерките, се она што ветивме, се со цел граѓаните да имаат перпсективи, но и подобар живот. Спроведовме мерки да ги вратиме парите кај граѓаните. Од 11 проекти кои ги имавме за младите, 10 се реализирани, останаа уште некои ситни детали за се да биде конкретно реализирано и презентирано со бројки, рече лидерот на младината на СДСМ и директор на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.
„ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја промени перцепцијата дека корупцијата и криминалот не се во нивните редови, дека 2016 беше пред педесетина години и дека не треба да зборуваме кој го правел најголемиот скандал и случаите од бомбите, кој е избеган од државата, кој ја урниса оваа држава. Државата 11 години беше клекната на колена, сардисана, руинирана, уништена се со цел да владее режим кој ќе им го наметнува мислењето на граѓаните. Еве сега имаме дебати, различни ставови. За се она што имаат како индиции постојат институции кои сега не се под спрегите на власта и кои не се од тефтерчето на власта, напротив, има судии од тоа време кои сега не судат под притисок. Во оваа држава има преголема демократија, која некогаш завршува со лажни вести. Добро е кога има демократија, кога се збори слободно и не се шепоти. Ако има одредена критика се кажува гласно и јасно, па дури и како владата, ако направиме грешка знаеме да бидеме доблесни и човечни и да признаеме“, рече Каевски и потсети чиј наследник е лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски и кој е поченесен претседател на партијата.
Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ не извадиле ниту еден проект за младите, ниту пак што би направиле за студентите.
„Да се вратиме во реалноста, лицемерно е ВМРО–ДПМНЕ и Владимир Неловски како поранешен претседател на УМС да зборите за студентски домови. ВО 11 години ВМРО–ДПМНЕ реконстурираше само два дела од студентскиод дом Гоце Делчев тоа се факти, СДСМ за две години ги реконстурираше деловите В и Г што е еквиваленто и еднакво на тоа што го направиле во 11 години, а ние за две години“, рече Каевски.