Каевски за акцијата „Двојник“: Кој е кртот што успеал да му ги даде информациите на Мицкоски?

од Nikola Popovski

„Првично чувство за целиот процес, што ја имаат и граѓаните е дека лидерот на опозицијата се обиде преку пресови да ја саботира целата акција „Двојник“, вели пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски за емисијата „Само вистина“.

Според него, се остава дополнителен сомнеж дека опозицијата е вмешана во овој процес и дека таа сакала целото ова да го затскрие и да пропадне акцијата на МВР.

„Се поставува прашањето кој е кртот во целиот процес и како успеал да му ги даде информациите на Мицкоски. За голема среќа, сето е ова е завршено и скоро сите учесници се уапсени. Нема милост за никој што го прекршил законот“, потенцира Каевски.

Во полициската акција наречена „Двојник“ уапсени се десетмина осомничен, а еден во бегство. Полицијата се сомнева дека тие дека во континуитет од неколку години издавале лажни патни исправи на членови на меѓународни криминални групи. Обвинителството денеска до Кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор против осуммина од нив од кои еден е во бегство а еден од нив веќе се наоѓа во притвор за незаконско издавање возачки дозволи. Против двајца пак е поднесен предлог за определување мерки на претпазливост.

Слични содржини