Кафето може да помогне во слабеењето

од Vlatko K
131 прегледи

Кафето може да помогне на човек да ослаби и да избегне дијабетес тип 2, придонесувајќи за
согорувањето на вишокот калории.

Експерти од Универзитетот во Нотингем тврдат дека испиеното чаша кафе активира кафеави масти
– активното масно ткиво, кое согорува шеќери и масти, за да се загрее телото. Таа е различна од
белата маст, што ги тера луѓето да изгледаат дебели.

Научниците од Универзитетот во Нотингем ја провериле теоријата лабораториски и со девет здрави
доброволци на возраст во просек 27 години. Тие требало да не тренираат и да не пијат пијалоци со
кофеин, алкохол или лекови девет часа пред тестирањето, за кои добивале чаша нескафе или вода.
Потоа биле испитани со скенер кога почнал да функционира кофеинот.

„Од претходните истражувања знаеме дека кафеавите масти се главно во областа на вратот“,
објасни проф. Мајкл Симондс. „Затоа снимавме штом човекот го испи кафето, за да видиме дали
кафеавите масти се затоплуваат“.

Затоплување значи дека ткивото се активира и започнува согорувањето на маснотиите.
Резултатите се позитивни. Претстои истражувачите да разјаснат дали кофеинот делува како поттик
или во кафето има друга состојка кое го активира кафеавото масно ткиво, пријави „Дејли мејл“.