Европски генетичари објаснуваат дека варијација на генот PDSS2 одговара за тоа, на кој начин нашето тело го преработува кофеинот. Во таа смисла предметниот ген е одговорен за тоа кои луѓе имаат тенденција да пијат кафе и кои не, се вели во написот објавен во списанието “Scientific Reports”.
“Резултатите од нашето истражување и податоци од други експерименти покажуваат дека привлечностa кон кафето може да се оправда на генетско ниво. Сега е потребно да се одржи големата студија за да се потврди откритието и да се открие точната врска помеѓу генот PDSS2 и употребата на кафе “, вели Никола Пирасту од Универзитетот во Единбург (Шкотска).
Тој и неговите колеги го откриле потенцијалниот “ген на кафе-манијаците”, споредувајќи ја ДНК структурата на над илјада лица кои живеат во седум релативно изолирани едни од други регион и мали села во Јужна и во североисточна Италија. Мутации во геномот на луѓето кои го поседуваат посочениот ген, покажале дека токму тоа ги турка почесто кон чашата со кафе спрема други објекти на експериментот.
PDSS2 одговара за тоа колку кафе мора да испие човек, за да почувствува стимулирачки ефект, како и за времетраењето. Научниците истакнуваат дека ова не е единствениот ген одговорен за зависноста од кафето, но PDSS2 влијае врз други делови од ДНК, кои и порано се поврзувани со слична зависност.