Kaj „Мавровка“ приведен криминалец баран за затворска казна

од Nikola Popovski
230 прегледи

МВР информира дека во текот на вчерашниот привеле лице барано за издржување на претходно утврдена затворска казна.

-На 16.12.2021 во 18:10 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги во соодејство со Единицата за интервентна полиција-СВР Скопје од угостителски објект лоциран во Т.Ц. “Мавровка” во Скопје го лишија од слобода Б.А. (58) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба од Основен суд-Скопје 1 во врска со чл.392 од КЗ на РСМ, осуден на 1 година и 6 месеци казна затвор, велат од полицијата.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.