Кај се парите!? – девизните резерви бележат пад и во август

од desk3
90 прегледи

Девизните резерви повторно се намалуваат, покажуваат најновите податоци на Народна банка.

pari2

Во август, тие изнесуваат 2,177 милијарди евра, што е за 20,6 милиони евра помалку од јули, кога изнесувале 2,198 милијарди евра.

Девизните резерви бележат постојан пад од март до август годинава.

Во јануари сме имале највисоко ниво на девизни резерви, кога тие изнесувале 2,483 милијарди евра.

 

МЕТА