На местото на урната дивоградба кај ТЦ „Мавровка“ се изгради кафулето кое беше опожарено.
Пред извесно време градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу информираше дека со ново изградениот објект нема ништо спорно и кафулето се враќа во првобитна состојба.
„Објектот се гради според точните димензии и матријали како што беше пред пожарот и за што имаше одобрение, нема цврста градба. Сега дури зафаќа и помала површина, но има повеќе челични столбови за да биде побезбеден и не дај боже при нова елементарна непогода да не падне цел како што беше случај со пожарот“, кажа Ганиу.
Нелегалната градба кај ТЦ „Мавровка“ почна да се руши во септември лани. Откако Општината Чаир неколку месеци не ја уриваше бидејќи не можеше да најде фирма за уривање, Владата го задолжи јавното претпријатие државни патишта да го стори тоа, по што за неколку дена бетонскиот објект беше отстранет.