Кај Велес: Воз удри во автомобил, возачот тешко повреден

од Берта Китинска

Возачот на возилото со тешки телесни повреди е пренесен во болницата во Велес.


Утрово во 06.40 часот на патниот премин кој се наоѓа кај влезот на фабриката за порцелан во Велес, товарниот воз кој сообраќа на линијата Велес – Прилеп удрил во патничко возило „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од 16 годишник од селото Согле, општина Чашка, информираше МВР.

Возачот на возилото со тешки телесни повреди е пренесен во болницата во Велес.

Извршен е увид на местото на настанот, се утврдуваат причините за несреќата.

Слични содржини