Кај заменикот на премиерката Тереза Меј пронајдена екстремна порно-содржина?!

од desk2
103 прегледи

Фотељата на Дамјан Грин (61), заменикот на британската премиерка Тереза Меј, е разнишана по изјавата на поранешниот шеф на полицијата дека на еден од неговите компјутери во парламентот пронашле порнографски содржини.

Полицијата ја пронашла порно-содржината во текот на истрагата за протекувањето на доверливите владини документи од 2008 година. Меѓу луѓето кои тогаш биле под истрага бил и Грин.

Полицијата потврдила дека пронашле „екстремна“ порнографска содржина на неговиот компјутер во канцеларијата. Боб Квик кој ја водел тогаш истрагата изјавил дека бил принуден да даде оставка пред да успее да ги предаде доказите за пронајдената порнографска содржина на компјутерот на Грин.

Дури по истрагата и сослушувањето во 2011 и 2012 година, ова никогаш не е спомнато, што значи дека овие обвиненија дури сега излегуваат на светлината на денот. Квик во понеделникот треба да ги предаде тие докази во склоп на истрагата против Грин која веќе ја води Сју Греј, функционер за имот и етика.

Имено, Кејт Мелтбај (31), пратеничка во парламентот, го обвинила Грин дека, додека разговарале во кафулето, ѝ се додворувал, ѝ го допирал коленото и потоа ѝ пратил „сугестивна“ СМС-порака.

Грин, што се однесува до обвиненијата на пратеничката, тврди дека ништо погрешно не направил и тврди дека е подготвен да ги покаже сите „пријателски“ СМС- пораки кои ѝ ги праќал на Кејт за да покаже дека во нив немало ништо непристојно.

– Таа тврди дека тоа било минлив допир, а можеби бил само чаршафот – рекол пријател на Грин.

Наводно Грин веќе ангажирал адвокати да утврдат дали постои можност за покренување тужба против Кејт Мелтбај за клевета. Инаку, Грин е пријател со родителите на Кејт Мелтбај.

Грин по повод пронајдената порнографска содржина изјавил дека тоа е лага.

– Приказната е целосно невистинита и доаѓа од несигурен извор. Свесен сум дека веќе неколку години дискредитираниот помошник на шефот на полицијата Боб Квик се обидува да ми нанесе политичка штета, пуштајќи во медиумите лажни информации за рацијата во мојата канцеларија во парламентот. Ниту полицијата никогаш не ми соопштила дека порнографска содржина е пронајдена на мојот компјутер, а не сум имал ниту приватен компјутер, како што се тврди. Тврдењата за пронајдената порно-содржина на мојот компјутер, кои се сега стари веќе девет години, се лажни – рекол Грин во официјалната изјава.

Тој додал дека никој досега не ја објавил приказната, бидејќи никој нема никакви докази.