Кајли Џенер и Травис Скот прават обиди за бебе

од Vladimir Zorba
138 прегледи

Кајли Џенер и нејзиното момче Тревис Скот се обидуваат да направат бебе. Според списанието “Пипл”, и двајцата поминуваат повеќе време заедно, бидејќи наскоро сакаат да добијат второ дете.

Раперот веќе ги отфрлил обврските да се држат подалеку од домот и да бидат со својата сакана.

Џенер и Скот имаат мало девојче по име Сторми, кое ќе наполни  1 година во февруари. Во моментот, тројцата се на одмор на море, што е видливо од нивните слики на социјалните мрежи. На една од нив, милијардерот ги ставил рачињата на бебето во песок и напиша: “Би сакал да можам да го вратам времето”. 

Многу обожаватели ја прашале Џенер дали е бремена, но таа ја побива веста. 

Моделот често ги објавува сликите на своето дете, дури до неодамна една од нејзините први по породувањето беше најлајкувана на Instagram.

Кајли постојано вели дека сака да има големо и среќно семејство, што значи да има повеќе деца. Минатата година риалити ѕвездата коментираше дека е рано за нов член на семејството.

Во меѓувреме, полусестра ѝ, Ким Кардашијан, објави дека по четврти пат ќе стане мајка, благодарение на сурогат мајка.