“Не се обидувам да бидам пример, сакам да бидам јас”. Ова го сподели Кајли Џенер во интервју за Харперс базар, Арабија. Младата мајка открива дека иако има презафатен распоред, се труди да одвојува што е повеќе време на своето дете, но во никој случај не е идеална мајка.
Младата милијардерка се појави на насловната страница на списанието со нејзината мајка, Крис Џенер и нејзината ќерка Сторми.
17-месечното девојче за прв пат се постави за публикација, но пред тоа беше фотографирано безброј пати со специјално ангажирани од неговите мајки фотографи.
“Искрено, не паметам таков период во кој мојот живот не бил изложен на екранот, бидејќи почнавме да го снимаме нашето шоу, кога имав 9 години. Јас пораснав со него и научив како да живеам како што можам најдобро. Секако, постојат моменти во кои чувствуваш дека личните граници се нарушени “, објаснува Кајли по повод славата од мала.
Младата мајка коментираше колку се променила, дека имала уште една одговорност – детето. Таа посочува дека кога е премногу зафатена со нејзината козметичка компанија, таа има потреба неколку дена дасе посвети на своето бебе.
Мајката на Кајли, Крис, вели дека нејзината ќерка е пример – млад човек кој има бизнис, работи напорно, има дете и се грижи за своето семејство.
“Мојата голема желба сега е да можам да поминам повеќе време со моите внуци. Затоа што тоа го диктира моето срце. Сите мои деца живеат околу мене. Тие се моја љубов. Секој работи многу. И тоа е начин да се поминува повеќе време заедно “, вели Крис.