Кајли Џенер планира да ги надмине сите забави што таа и нејзините сестри досега ги правеа овој пат. Најмладата милијардерка во светот изнајмила мега луксузна јахта за нејзиниот 22 роденден овој викенд, пренесува TMZ.
Бродот е во сопственост на банкарот Лоу Таек. Изнајмувањето за една недела на јахтата, во кое се вклучени 22 луксузни кабини, спална соба за младенци, ВИП соби, бања, салон за убавина, кино, фитнес центар, отворен базен, бар и џакузи, како и екипаж од 29 лица, се вели дека чини околу 1 милион фунти неделно.
Секако, ова е ситно за младата Џенер, чија империја за убавина е проценета на 900 милиони долари од Форбс.
Внатрешноста на јахтата е направена од Океанко, а дизајнирана е од Винч Дизајн.
Гостите на Кајли кои се сигурни се Ники Минаж и Вини Хароу, а се тврди дека годинашната забава ќе биде тематска со посебен кодекс на облекување.
Погледнете подетално на уникатната јахта во нашата галерија.