Кајли Џенер на Инстаграм се пофали со фотографиите од својата новогодишна забава на која текилата течела во потоци.
„Она кога текилата ќе те удри“, напишала најмладата членка на кланот Кардашијан – Џенер заедно со фотографијата на која во тесен светкав фустан се забавува со своето друштво, а на една од нив се држи и за градите.
https://www.instagram.com/p/B618DB4H3WW/?utm_source=ig_embed
Фотографиите за само неколку часа собрале повеќе од пет милиони лајкови.
Инаку, Кајли ги објави фотографиите од дочекот, откако предходно морала да ја избрише објавата со која на фановите им ја честиташе новата година бидејќи ја обвинија за културна спропријација. Станува збор за фотографија на која младата милијардерка има руси плетенки, поради што некои ја обвинија дека ја навредува црнечката култура.
https://www.instagram.com/p/B61YCdFI3A6/?utm_source=ig_embed
Фотографите, браќата Лука и Алесандро Морели, објасниле дека изгледот бил инспириран од пејачката Гвин Стефани и нејзиниот спот со Моби од 2000 година, но Кајли, сепак, не сакала да ризикува и ја повлекла објавата.