Во шпицот на сезоната за разубавување и испробување на нови процедури доаѓа времето да преиспитате и некои од старите трикови, без кои не можеме.
Бидејќи високите температури нѐ канат да покажеме малку повеќе од себе, мораме да изгледаме совршено.
По сите чистења на лице, пилинг, маникир и педикир, доаѓа времето за најболниот дел – депилација.
Многу добро знаеме дека бричењето е само краткорочно решение, а другите постапки се премногу скапи, па прибегнуваме до добрата стара восочна депилација.
Таа ни дава мека и нежна кожа за подолго време, но ја бара својата жртва – болката. Ви ги претставуваме најлесните трикови со кои ќе ја направите постапката повеќе безболна.
1. Без кафе
Стимулирачките пијалоци со кофеин ја зголемуваат чувствителноста – добро решение ќе е во денот во кој сте одлучиле да правите депилација, да го прескокнете кафето. Наместо тоа, можете да се наградите по постапката, бидејќи дефинитивно го заслужувате.
2. “Потопете”
Добра превентивна мерка е пред да одите до козметичката, да ја омекнете кожата, и да се “потопи” кожата во топла вода за некое време. Дозволете си топол туш, а препорачливо е да останете во бањата меѓу десет и дваесет минути. На овој начин влакненцата ќе излегуваат значително полесно и побезболно.
3. Апчиња за олеснување болка
Значително попријатен ќе биде восокот, ако претходно сте се осигурале и сте испиле една пилула аспирин, да кажеме. Пожелно е да го консумирате меѓу 45 и 50 минути пред да одите до козметичкиот салон за да има максимален ефект.
4. Пресметка
На крај, но и едно од најважните работи е да го пресметате добро времето и периодот во кој се подложувате на депилација. Имајте на ум дека непосредно пред да ви дојде циклусот, целото тело е многу чувствително и е можно постапката да биде уште понепријатна од обично. Внимавајте на тоа и должината на влакненцата и направете си добра пресметка со времето.