158
Може да добиете нежни пастелни нијанси за бојадисување на јајцата со шлаг или пена за бричење. Но, постои уште една популарна техника, која е исто толку едноставна, а тоа е боење со прехранбена боја. Изберете ги боите по желба и украсете ја велигденската трпеза со најубавите јајца.
Состојки:
-јајца
-прехранбена боја
-оцет
Подготовка:
Сварете ги јајцата и изладете ги. Земете чаши и наполнете ги со топла вода, во секоја истурете неколку капки прехранбена боја и измешајте. Потоа во секоја чаша додадете 2 лажици оцет и измешајте. Додадете ги јајцата и оставете да отстојат додека не ја впијат бојата. Извадете ги на крпа и оставете ги да се исушат.