Цврстите и полни усни се голем сон на многу дами. Нема сомневање дека густината и мекоста можат да го сменат целокупниот начин на кој изгледате.
Сами сте забележале како со ставање на обичен балсам, одеднаш се чувствувате многу подобро и дури ја кревате самодовербата.
Има една добра и една лоша вест. За жал, не сите дами се родени со природно полни усни, но за сметка на тоа веќе има методи со кои може да ги постигнете.
Тука ни од далеку не станува збор за болни процедури и специјални инјекции или манипулации кои бараат да “легнете под нож”.
Козметичката индустрија се труди да најде алтернативни варијанти за сите наши барања, без тоа да нѐ чини којзнае што повеќе од малку посветено време.
Ви претставуваме лесна техника, со која треба да ги направите усните навистина примамливи.
Единствено што ќе ви треба е коректор, кармин и сјај.
Чекор 1
Ставете коректор или многу блед кармин во средината на горната и долната усна. Гледајте лентата да не е премногу дебела и да опфаќа подеднакво широка зона и од двете страни, за да се добие симетричност.
Чекор 2
Пополнете го остатокот на краевите со потемен кармин од првиот (во случај да сте користеле кармин наместо коректор). Откако ќе поставите темелно, измешајте ги контрастните нијанси, така да не се гледа дека се две одделни бои.
Чекор 3
Завршете го изгледот со сјај за усни кој дополнително ќе донесе густина и гламур во веќе значително побавите усни. Можете да ја користите техниката и да експериментирате со различни бои.
