Како да ги внесеме сите витамини неопходни за имунитетот преку исхраната?

од Stefanija Kuzmanovska

Дали можеме да внесуваме доволно витамини и минерали во организмот без додатоци? Судејќи според експерти од Харвард – можеме.

Во минатото, лекарите честопати сугерираа дека треба да пиеме доза на витамини и минерали во текот на денот како додаток во исхраната.

Денес, кога коронавирусот дополнително се заканува, додатоците се продаваат во аптеките повеќе од кога било. Сепак, бројни студии, вклучително и една од Харвард, покажуваат дека нема големи придобивки од додатоците во исхраната за здравите луѓе кои јадат балансирана исхрана.

Ако не сте меѓу нив, не јадете редовно и никогаш не ви е целосно јасни што треба да јадете секој ден за да ги задоволите потребите на вашето тело за витамини и минерали, списокот на Харвард за најздрава храна ќе ви биде од голема помош.

Тука спаѓаат:

Авокадо
Кељ, спанаќ
Пиперка
Печурки
Печен компир
Папаја, малини, јагоди
Јогурт со малку маснотии
Јајца
Семиња (тиква, сусам, сончоглед)
Грав
Леќа, грашок
Бадеми, индиски ореви, кикирики
Јачмен, овес, интегрален ориз
Лосос, бакалар, ракчиња, туна
Посно говедско месо, јагнешко месо, месо од диви животни
Пилешко, мисирка

Слични содржини