Најлесен начин да звучиме нервозно или уште полошо – глупаво е како користиме т.н. “паразитски зборови”. Типичен пример за нив се „значи“, „во смисла”, „викам”, „човече” (како обраќање), „фактички” и др.
Скоро секој користи паразити во една или друга форма – тие ни даваат малку време да размислиме за тоа што сакаме да го кажеме, особено во напнатите ситуации каде што можат да бидат од клучно значење.
Некои експерти сепак ги дефинираат овие зборови и изрази како вулгарни. Според нив нивната употреба од време на време е прифатлива, но ако говорникот се потпира на нив премногу често, се нарушува смислата на она што сака да го каже, и во очите на слушателите изгледа мрзливо. Ако еднаш го совладате овој начин на зборување, тој се претвора во навика, а тоа на крајот ни штети.
Како да ги исчистиме изразите и да зборуваме поефикасно?
Треба да се слушаме себе. Препорачливо е да се снимиме додека водиме разговор во секојдневниот живот, а потоа да ја слушаме снимката во текот на пет минути за една – две недели. Повторувањето ќе го открие проблемот во нашата глава и ќе нè направи спознаени со него за време на идната комуникација.
Најдобар начин да ги замениме паразитските зборови, без да учиме нови такви, е едноставно да молчиме и да си дадеме малку време да размислиме за тоа што сакаме да кажеме.
Молчењето првично може да изгледа чудно, но кога алтернативата е да звучиме како тинејџер, изборот се олеснува.