Од неодамна мажите станаа доста суетни, но сепак во голем дел го остават изгледот и хигиената во заден план, што се претвора во проблем во нивната приватност.fcfd19fa73f6d3648e119ae65ce03e8e

Ако случајно партнерот има потреба од малку помош, за да се подобри видот и хигиенските навики, може да го направите следново за да го мотивирате, без да го навредите:

Споделете ја со него козметиката

Многу мажи одбиваат да користат козметика, бидејќи сметаат дека тоа е премногу женствено. Во најдобар случај сепак може да го натерате да проба некој од вашите производи, и да го убедите во предностите.Најлесно е со креми за сончање на плажа, бидејќи никој не сака да изгори. Користете ги топлите денови да го запознаете и со хидратантни производи, па постепено тој ќе се навикне да се мачка со нештата.

Давајте му комплименти

Мит е дека само жените се топат кога ќе добијат комплимент. Секој пат, во кој тој ќе направи нешто за својот изглед – бричење, тримање,парфем – не пропуштајте да го поласкате. “Изгледаш страшно секси со оваа фризура!”, “Мирисаш божествено”, “Леле, кожата ти е неверојатно мека на допир. Не можам да ги тргнам рацете од тебе “се елементарни примери со кои индиректно ќе го натерате да си посветува поголемо внимание, за да ви е попривлечен.

Купувајте машки производи специјално за него

Може да биде подарок за празници, а може и без повод. Нов парфем, модерна машинка и крем за бричење, посебен лосион за мажи … побарајте да ги проба, бидејќи вие сте му ги подариле. Еднаш ќе го направи тоа за да ви угоди, а откако го преплавите со комплименти, ќе му стане навика.

Слични содржини