Летото доаѓа по помалку од месец и времето да влезете во форма за костим за капење се намалува. Немате желба да влезете во салата и ја сметате за премногу досадна? Ова е добра причина да се избегне салата, но не и да се откажете од влегувањето во форма!
Еве и неколку ефикасни идеи со кои неосетно ќе согорите стотици калории.
Спорт во паркот
Топлото време е одлично за повеќе надворешни активности. Во парковите сѐ почесто има групи кои трчаат, вежбаат аеробик, боречки вештини и други групни активности, во кои може да се вклучите.
Скејтборд
Обезбедете се добро, за да не се повредите (особено ако сте прв пат на борд) и тргнувајте кон рампата. Возењето на скејтборд и ролери согорува меѓу 600 и 900 калории на час.
Качување
Соберете се со друштвото и одете да ја покорите природата. Качување на карпи е напорно, но пак троши помеѓу 500 и 900 калории на час. Освен тоа ги затегнува сите мускулни групи!
Планински велосипедизам
Стрмен и нерамен пат ја зголемува концентрацијата и координацијата и ви помага да изгорите до 500 калории на час.
Пливање
Ем разладува, ем е безбедно и дури и лековито за луѓе со повреди. Еден час во базенот и трошите меѓу 400 и 900 калории.
Бокс
Боксот одамна веќе не е само машки спорт, па не грижете се да пробате. Тој е исклучително корисен за сила, координација, ве учи на самоодбрана и дава одлична самодоверба. Не се грижете, нема да станете како Роки во рамената, но ќе имате големи мускули по целото тело. Се трошат меѓу 400 и 700 калории на час.
Одење
И ако сето дотука ви се чини премногу тешко, само откачете го личниот автомобил и градскиот транспорт и одете пеш. Ако се движите пешки, трошите помеѓу 200 и 500 калории на час.