Функционалната депресија е реална и многу честа и иако нема официјален статус на медицинска дијагноза, ако ја препознаете, тогаш мора да дадете поголем напор за да ја надминете.

Pixabay
Како изгледа сето тоа?
Луѓето кои живеат со функционална депресија, надвор се продуктивни, успешни, комуникативни, но кога ќе си дојдат дома, сето тоа се руши и веќе немаат енергија за ништо друго. Наместо да се дружат, избираат да се изолираат во својот дом, под топло ќебе и да чекаат да дојде новиот ден.
Според лекарите и психолозите, симптомите не се вклопуваат во една дијагноза и стандардните лекови не можат многу да помогнат. Оваа високофункционална депресија се карактеризира со замор и недостаток на енергија, кои се постојани и тешко надминливи, дури и кога личноста доволно спие и се храни здраво.
Некогаш оваа ситуација може да трае и со години. Не е доволно сериозна за да може да интервенираат психолози и психотерапевти, но сепак е сурова, бидејќи лицето може долго време да не забележи дека нешто му се случува.
Последици на оваа состојба се нерасположение, незаинтересираност и недостаток на задоволство дури и од убавите нешта.
Клинички тест не постои, такашто поединецот сам треба да детектира дали нешто му се случува. Често е предизвикана од недостаток на самодоверба, што поттикнува хронично незадоволство.
Поради тоа, не треба да се игнорираат симптомите, туку да им се пристапи со храброст и решителност да се надминат.