Повеќето од нас се загрижени за тоа дека косата не расте толку брзо колку што ни се сака.
Причината за ова може да варира од користењето и третманот со премногу хемија од бои или на постојано стилизирање со преси, виткање и секакви други алатки.
Положување на премногу малку напор и грижа води до промена на структурата на влакното, оштетување и забавување на процесот на раст.
Стрпете се и обидете се да ги вклучите следните пет совети во секојдневната рутина.
Веднаш ќе забележите најдобри резултати и брз раст на косата.
1. Потшишувајте се редовно
За да избегнете цветни краеви, шишајте ја редовно косата. Пожелно е тоа да се случува на секои три месеци, за да може да се зголеми должината на долг рок. Инаку, цветот може да дојде до корен и да доведе до комплетно оштетување.
2. Бидете внимателни при расчешлување
Не заборавајте дека косата ви е многу кревка и влакненцата можат да се “скинат”. Користете задолжително дрвени чешли со широки запци, за да се заштитите од влечење или кинење при расчешлување.
3. Избегнувајте редовното стилизирање
Секојдневното и редовно стилизирање на косата може да доведе да “кршење” на влакното и трајно оштетување. Заврзете во пунџа, сплетете плетенка или искористете ги предностите на коњската опашка. Оставете го стилизирањето за посебните прилики.
4. Користетего вистинскиот алат
Иако малите чешели се најзгодни за стилизирање и обликување, широките запци се добри за расчешлување и поделба на купчиња. Дрвена четка со природни влакна ги разнесува рамномерно производите и предизвикува природно лачење на себум. Исто така, користете додатоци кои ја штедат косата, не ја стегаат и не кубат при отстранување.
5. Грижете се за коса дури и за време на спиењето
За да го намалите триење, користете навлака за перница од мека ткаенина. Можете исто така да врзете шал од свила или сатен – ова ќе редуцира заплеткување, кинење и оштетување на косата до минимум.