Израелската војска денеска соопшти дека извршила неколку воздушни напади врз позициите на Хезболах во јужен Либан, три дена откако стапи на сила прекинот на огнот со либанското исламистичко движење.
Војската спомнала за четири напади, вклучително и еден насочен кон „инсталација на Хезболах со ракетни фрлачи во регионот Саида“, голем град во јужен Либан.
Пред три дена стапи на сила примирјето меѓу израелските сили и либанското проиранско движење Хезболах.
Во знак на поддршка на палестинскиот Хамас во Појасот Газа, Хезболах отвори фронт против Израел на 8 октомври 2023 година, секојдневно гаѓајќи ја израелската територија од јужен Либан.
Тие непријателства на 23 септември годинава се претворија во отворена војна со интензивни израелски напади, наводно само против упориштата на либанското движење, но сепак со многу цивилни жртви.