Како да подготвите совршен подварок (Видео)

од desk2
1,8K прегледи

Рецепт како да подготвите совршен подварок од кисела зелка…

СОСТОЈКИ:
1 главица кисела зелка
300 гр суви ребра
2 кременадли од врат (свински)
ловоров лист
бибер во зрно
црвена пипер
лута пипер
1 лажица маст
неколку чешниња лук
1 главица кромид по желба
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Зелката исечкајте ја на тенки резанки. На дно на тенџере ставете половина од исечканата зелка па наредете месо, ребра и лук. Покријте со другата половина зелка.
Од горе ставете ловоров лист, бибер во зрно, пипер и маст. Налијте со малку вода и ставете да крчка.
По еден час ставете го тенџерето во рерна да се запече.