Како да престанете да го допирате лицето во време кога демнеат зарази?

од Elena Daskalova
399 прегледи

Коронавирусот нè потсети дека премногу пати ги допираме нашите лица, а намаленото допирање на лицето помага во спречување на ширење на вирусот, велат здравствените работници.

Во 2015 година, универзитет во Сиднеј ги набљудувал студенти по медицина на видео и снимил колку пати ги допираат нивните лица. Секој од 26-те идни лекари под опсервација ги допреле нивните лица во просек 23 пати на час. Скоро половина од допирите вклучувале допир на очи, нос или уста.

„Вирусите кои влијаат врз респираторниот систем влегуваат во телото преку мукозните мембрани кои се наоѓаат во носот и усната шуплина. Со лоша хигиена на рацете, лесно може да се здобијат со вирусна инфекција на овој начин”, вели д-р Даун Муени Бекер, инфектолог од Флорида.

Но, ние цело време ги допираме нашите лица, и спречувањето на таа навика е полесно да се каже отколку да се направи.

Минатата недела беше пуштено видео на кое здравствена работничка од Калифорнија дава превентивни совети за корона вирусот, притоа лизнувајќи го прстот за да смени страница од говорот.

„Почнете да работите на тоа да не го допирате лицето, бидејќи еден од главните начини на ширење вируси е кога ќе ги допрете сопствената уста, нос или очи“, вели таа. Потоа, таа го лизнува прстот за да сврти страница од своите забелешки неследејќи ги советите кои ги чита.

Ако не можете да се запрете да го допирате лицето, тоа не е крај на светот, смета Бекер. Постојат начини да ги намалите шансите за инфекции од допирање на лицето. Иако добро знаеме дека најефикасна заштита во борбата против ширење на вирусите е редовното и темелно миење на рацете, луѓето постојано купуваат гелови и различни течности за дезинфекција на рацете.

Овие препарати се трошат како „алва“ во маркетите низ светот, поради страв од ширење на коронавирусот. Освен рацете, важно е да се дезинфицираат и предметите кои често ги допирате.

Слични содржини