Како да се реши проблемот со постојано ладните нозе?

од Vladimir Zorba

Многу луѓе имаат проблеми со ладни стапала и најчесто е безопасно, но медицинските експерти наведуваат дека кај некои луѓе ова може да укаже на одреден здравствен проблем. Тие ве советуваат да проверите кај вашиот лекар дали се е во ред ако вашите стапала се постојано ладни, а заедно со тоа имате и некои други симптоми.

Една од најчестите причини за студени нозе се ниските температури. Кога сте на студ, крвните садови на вашите стапала се стегаат за да се спречи губењето на телесната топлина, што може да предизвика студени стапала. Понекогаш стресот и вознемиреноста, исто така, можат да предизвикаат студени нозе. Една од вообичаените причини за состојбата е слабата циркулација.

Анемија, дијабетес, хипотироидизам и нервни нарушувања се некои од другите причини за појава на ладни нозе и затоа треба да се консултирате со лекар за да откриете што точно е причината.

Ако немате никакви здравствени проблеми, а вашите стапала се уште се ладни, еве како можете да го решите тој проблем.

Движете се

Некогаш студените стапала се само последица на седентарен начин на живот, кој може да ја попречи правилната циркулација на крвта на долните екстремитети, па затоа тогаш вашите стапала се ладни.

Се што треба да направите во тој случај е да се движите повеќе. Поголемиот дел од времето поминувајте го на нозе, а не на кауч или стол. Редовното вежбање е одлична идеја.

Заштитете ги нозете

Изложувањето на стапалата на ниски температури може да резултира со студени нозе и затоа треба да ги заштитите нозете. Носете чорапи, по можност некои подебели, дури и кога сте во затворени простории. Носењето чорапи е ефикасен начин да се спречи губење на вишокот на телесна топлина низ нозете.

Користете топли шишиња

Кога ќе ви се заладат, земете шише и наполнете го со топла вода. Завиткајте го во мала крпа и спуштете го на подот, а потоа потпрете ги нозете на шишето.

Масажа

Загрејте маслиново масло во микробранова печка неколку секунди. Не прегревајте го маслото за да избегнете изгореници. Масирајте ги со топло маслиново масло нозете, советува Healthy builders. Кога вашите стапала апсорбираат доволно масло, облечете памучни чорапи за да ги загреете нозете.

Слични содржини